Во петгодишните систематски истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско, досега се пронајдени над 400 монети, информираат археолозите од Завод и музеј – Битола, пишува сдк.мк. Меѓу наодите има примероци од времето на Филип II Македонски, со претстава на богот Зевс, како и монети од Александар Велики, Октавијан Август и од повеќе антички градови како Пела, Тесалоника, Амфиполис и Дирахион. Дел од нив ...
Повеќе од 400 антички монети се пронајдени во текот на петгодишните систематски ископувања на археолошкиот локалитет Градиште кај битолското село Црнобуки. Годинашните истражувања донесоа нови клучни наоди кои помагаат во целосното разоткривање на овој моќен и богат антички македонски град. Проектот го води мешовит македонско-американски тим составен од стручњаци на НУ Завод и музеј – Битола и Универзитетот „Кал Поли Хамболд“ од Калифорнија, ...

