Здружението на градежни инспектори на Северна Македонија, тврди дека вештачењето во случајот „Пулс“ ја проширува надлежноста на градежниот инспектор надвор од она што го предвидува Законот за градење и предупредува дека професионалната одговорност не може да се темели само на академски титули, туку на познавање на конкретната инспекциска практика. Од Здружението бараат од вештаците и Обвинителството да одговорат на низа конкретни прашања за ...
Трагедијата во дискотеката „Пулс“ не започнала во моментот кога избувнал пожарот. Според досегашните наоди и сведочења во судската постапка, условите кои придонеле за катастрофата се создавале со години, додека институционалните надлежности биле поделени меѓу повеќе органи. Во објектот функционирала дискотека иако, според наводите изнесени во постапката, немало соодветна пренамена, биле изведувани градежни интервенции без потребната ...

