Водно утрово се разбуди под снежна покривка, откако падна првиот снег за оваа зима, воедно и првиот снег во 2026 година. Белината ги покри шумските патеки, дрвјата и повисоките делови од планината, најавувајќи го вистинскиот почеток на зимската сезона. Снегот започна да паѓа во текот на ноќта, а утринските часови донесоа тивка и мирна атмосфера над Скопје. Иако снежната покривка засега е тенка, таа беше доволна Водно повторно да го добие ...
Во Скопје утрово падна првиот снег во новата година. Студениот бран продолжи и денеска, а врнежите од дожд преминаа во снег и во пониските делови од земјата. Најизразени снежни врнежи се бележат во западните предели, каде што веќе се формира снежна покривка. На повисоките населени места и на планините се очекува снег со висина од 10 до 15 сантиметри, а локално и над 20 сантиметри. Во пониските градски средини, снежната покривка ќе изнесува ...

