Македонската инженерка Љупка Вртева, која професионалната кариера ја гради во Словенија, е избрана меѓу 12-те највлијателни инженерки во светот за 2026 година во рамките на престижниот меѓународен избор „Women Engineers You Should Know – 2026“, организиран од Друштвото на жени инженери (SWE). Вртева, која работи како развоен инженер во Љубљана, истакна дека ова признание за неа претставува особена чест бидејќи доаѓа од светската инженерска ...
Македонија можеби е мала по територија, но од неа постојано произлегуваат извонредни умови кои оставаат трага во светската наука, технологија и иновации. Од лаборатории и универзитети до најголемите индустриски компании, македонски експерти секојдневно докажуваат дека знаењето нема граници. Една од нив е и Љупка Вртева, машинска инженерка од Струмица, која денес е едно од најценетите имиња во областа на енергетското инженерство во Словенија. ...

