Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријарието се на терен до целосно завршување со интервенцијата. ...
По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат: · поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улица Блажо Орландиќ бр.38 А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од булевар Србија до улица Тодор Чангов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со ...

