Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одржа вонредна прес конференција по турбулентната сезона на „кралскиот клуб“. Реал остана без трофеј, го отпушти Чаби Алонсо среде сезона, а дополнително атмосферата ја наруши и информацијата за жестока расправија меѓу Федерико Валверде и Орелијан Чуамени. Перез потврди дека и во минатото имало инцидент меѓу фудбалерите, но потенцираше дека такви работи се случуваат често во соблекувалната. ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денеска ја шокираше светската спортска јавност со итно свиканата прес-конференција. Иако многумина шпекулираа дека 79-годишниот лидер ќе објави повлекување по две сезони без значаен трофеј, тој децидно порача: „Жал ми е што морам да ви кажам, но нема да поднесам оставка“. Наместо тоа, Перез побара од изборната комисија да го започне процесот за нови избори, на кои тој повторно ќе биде кандидат. ...

