реклама: Во Вестминстерската опатија, од 11:35 часот се одржува државен погреб на кралицата Елизабета Втора. Се проценува дека погребот на кралицата ќе го следат околу два милиони луѓе на улиците на Лондон и околу четири милијарди луѓе на телевизија. Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да бидат присутни на погребната поворка. Денес е неработен ден во Англија. ...

Околу 2.000 луѓе, од кои околу 500 државници, политичари и членови на кралски семејства присуствуваа денеска на церемонијата на државниот погреб на досегашната британска кралица Елизабета Втора, која владееше со кралството речиси 70 години – најдолго од сите британски монарси. Погребната служба се одржа во Вестминстерската Опатија во Лондон, каде Елизабета Втора се венчаше за својот сопруг принцот Филип во 1947 година и каде беше крунисана за ...