Обезноста во Македонија достигнува алармантни размери. Се проценува дека од 30–35% од населението се соочува со прекумерна телесна тежина. Оваа болест е во постојан пораст, со посебен акцент кај децата. Во обид да се справи со дебелината, која се смета за болест на модерното време, во просториите на поранешната модуларна болница во Штип започна со работа регионалниот Центар за менаџирање на обезноста. Овде, сите кои имаат проблем со ...
Во просториите на поранешната модуларна болница при Клиничка болница-Штип започна со работа регионален Центар за менаџирање на обезноста. Центарот е наменет за граѓаните од источниот регион кои се соочуваат со проблеми со прекумерна телесна тежина и ќе им овозможи на едно место да добијат стручен медицински третман и советување. Пациентите ќе бидат прегледувани од специјалисти по ендокринологија, кои ќе им помагаат со препораки, терапии и ...

