Албанија им забрани влез и престој на Ваљон Бела, во албанските медиуми наведуван и како Валон Белја, и на скопскиот исламски теолог Бекир Халими. Двајцата се државјани на Македонија, а забраната ќе важи десет години. За Бела е издадена и наредба за протерување доколку се наоѓа на албанска територија. Одлуката ја донел министерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари, по предлог на антитерористичката единица на албанската полиција. Албанското ...
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „нон грата“ двајца државјани на Македонија, поради сомневања за активности насочени против интересите на албанската држава. Според информации на „Топ Ченел“, станува збор за Валон Беља и Бекир Халими, двајцата државјани на Македонија. Одлуката, според изворите, била донесена по предлог на единицата за борба против тероризмот при албанската полиција, а потоа била потврдена од ...

