Под отворено небо со насмевки, со желби, со надеж за подобро утре. Скопјани, но и гостите, ја испратија годината што помина со сета нејзината тежина и радост и ја пречекаа новата со отворено срце. Се споија стрелките на часовниците, се споија желбите на граѓаните кои за дочекот се собраа на скопскиот плоштад. „Семејството е најважно“, велат дел од граѓаните. Многу семејства беа заедно, температурата падна под нулата, но не и расположението. ...

На 18 април 2026 во арена „Борис Трајковски“, Северина ќе одржи голем солистички концерт, во рамки на нејзината турнеја „Ја само пјевам“. Ова ќе биде и специјален роденденски концерт со кој заедно со македонската публика ќе го одбележи својот роденден. Северина е културен феномен кој повеќе од три децении успешно им се спротивставува на времето, трендовите и очекувањата. Уметница која знае како да биде интимна и грандиозна во ист момент, ...