Кркардаш е позната локација во северниот дел на Битола во населбата Баир. Според легендата на ова место се случила жестока битка помеѓу локалното население и освојувачката отоманска војска. Имено, отоманската војска во текот на 1382-1383 година во тешки и крвави борби, наспроти силниот отпор на локалното население, успеала да ја освои Битола. Според легендата, жесток отпор пружиле монасите од седумдесетте манастири и цркви што постоеле во тоа ...

Eден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус верски и обичајни празнувања е славењето на споменот на четириесетте војници од Севастија. Празникот се нарекува и Младенци. Македонски е обичајот на 21 спроти 22 март да се одбележи празникот Младенци . Го празнуваат сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале по 22 март претходната година. И, уште се верува дека ако на овој ден времето е убаво, убаво ќе биде и во ...