„Разиграно и меланхолично, нежно ама и со боцки, така би ја опишал програмата“, вели пејачот Крсте Роџевски за претстојниот концерт во виолончелистата Томика Рид во Скопје, на 13 септември (20.30ч) во Филхармонија. Специјални гостинки на концертот се пејачките Дина Јашари и Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“. „Ова ќе биде акустичен, интимен концерт – гитара, чело и глас. Ќе изведуваме авторски композиции на македонски јазик, од албумите ...

На 13 септември, во 20,30 часот во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концертот на Крсте Роџевски (гитара и вокал) и Томика Рид (виолончело). Музичката соработка меѓу Крсте Роџевски и Томика Рид започна пред десетина години, кога Рид свиреше виолончело на ‘Bitter Almonds’, вториот студиски албум на Роџевски. Подоцна, таа свиреше и на синглот „Горно Дупени“, како и на новиот аранжман на традиционалната песна „Ој љубов“, кој Роџевски го ...