Македонската радиотелевизија (МРТ) ќе утврдува како се случило и чија е одговорноста за тоа што на јавниот радиодифузен сервис да се емитува детска песна со тема и со симболи на таканаречената „голема Албанија“, објави „Скопје1“. Во саботата во 11 часот беше пуштена снимка од детски фестивал на која девојче во маичка со карта на „голема Албанија“ ја пее песната „Trojet shqiptare“ („Албански простори/земји“) и во неа повикува на обединување на ...

По спорната песна, МРТ ќе проверува како настанал пропустот, откако на вториот канал на јавниот сервис, во рамки на детска фестивалска програма емитувана на 28 март, беше прикажан настап со песната „Trojet shqiptare“, што предизвика реакции во јавноста поради текстот и симболите видливи во изведбата. Директорот на МРТ, Марјан Цветковски, изјави дека институцијата веќе постапува по случајот, дека ќе се утврдува како содржината била емитувана и ...