„Значително зголемен број на повредени на новогодишната ноќ во споредба со претходните години“ е веста споделена од Хируршките клиники во Скопје. Лекарите посочуваат дека голем дел од случаите се поврзани со алкохолизирана состојба. Најтешкиот инцидент е приемот на двегодишно дете на одделот за интензивна нега со прострелна рана на главата од огнено оружје, чиј идентитет и околностите на повредувањето сè уште не се официјално потврдени. ...

Новата 2026та година дежурните доктори ја дочекаа со полни раце работа, зголемен бил бројот на интервенции за разлика од минатите години. Повредени пиротехника, пијани пациенти и при пад од висина. На токсикологија за првите 12 часа биле примени 31 пациент со симптоми на интоксикација. На околу 20 пациенти со лесни повреди им била пружана лекарска помош. А Лекарите како тежок случај примиле двегодишно дете без познати лични податоци примено ...