Македонскиот претставник во Европската лига на ЕХФ, РК Вардар 1961, утревечер (вторник, 18 ноември) го игра клучниот натпревар од четвртото коло во групната фаза. Во СЦ „Јане Сандански“ (18:45 часот) пристигнува шведски Кристијанштад, во директен дуел за првото место во групата. Ова е реванш за „црвено-црните“ по минималниот пораз во Шведска минатата недела. Во моментов, Кристијанштад е лидер со 5 бода, додека Вардар е веднаш зад нив со 4 бода. ...

Ракометарите на Вардар 1961 се вратија на победите и му се одмаздија на Кристијанштад со победа од 35-30 (17-16) во четвртото коло од Европската лига на ЕХФ. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра пред околу 2.500 љубители на ракометот, а „црвено-црните“ ја исполнија својата мисија, го победија шведскиот ривал и се вратија на првата позиција во групата пред завршницата на оваа фаза. Стартот беше со доста грешки на двете страни, за вардарци ...