Изложбата ја отвора темата што премногу долго била маргинализирана: менталното здравје на младите. Многу млади денес се соочуваат со тага, страв, вознемиреност, осаменост или притисок, но ретко имаат простор каде тие чувства може да се изразат, именуваат и разберат. Овој проект има двојна природа, тој е и уметничка и социјална интервенција. Ана ВАСИЛЕВСКА* Во едно време кое е истовремено пребрзо и претесно за младите, кога растењето се одвива ...

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Изложба „Иницирај промена. Креирај гласно!“ ќе биде отворена денеска во галеријата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, во Сули Ан, Стара скопска чаршија. На изложбата ќе бидат претставени делата создадени на работилницата за емоции и уметност, реализирани со учество на 14 млади лица под менторство на психологот Тина Чачоровска и уметникот Доротеј Нешовски. Настанот го организира Здружението за промоција, едукација и ...