Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата. Секој поен, секоја одбрана и секоја секунда ќе значат повеќе од било кога. Дојдете да бидете нашиот шести играч! Да ја наполниме салата, да создадеме атмосфера и заедно да го направиме првиот чекор кон целта. Плеј-оф. Прво коло. Почнуваме дома. Почнуваме храбро, велат од клубот. ...

Овој викенд започнува плеј-офот во Првата кошаркарска лига на Македонија каде ќе се води битка низ спортските сала во Македонија за влез во Суперлигата. Охрид овој сегмент го стартува на домашен терен против Соколи од Штип, меч кој има голем влог во битката на охриѓани да се вратат во кошаркарската елита на Македонија. Клубот бара силна поддршка и полна сала со цел да стигне до триумф против штипскиот тим и со победа ја стартува плеј-оф ...