Ване Крстевски се врати во составот на Шкендија по тешката повреда и повторно е од голема помош за Јетон Беќири. На тимот му следи важно гостување кај Самсунспор во Турција во рамки на Конференциската лига на УЕФА, каде актуелниот македонски првак ќе брка негатива од еден гол. „Најпрво, мислам дека ова е голем меч за нас. Сите сме среќни што сме до тука. Се работи за луксузен меч, привилегија и чест е да се биде дел од плеј-офот. Сакаме ...

Екипата на Шкендија пристигна во Турција каде ја очекува реваншот против Самсунспор во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА. Турскиот тим славеше со еден гол во Скопје, но тренерот Јетон Беќири смета дека ништо не е затворено, затоа што фудбалот носи чуда. „Да бидеме реални ние имаме негатива од првиот меч и секако дека Самсунспор е фаворит што се однесува до пласаманот, но фудбалот носи чуда и се надевам дека тоа чудо може да се случи ...