Фудбалскиот свет повторно е во исчекување на голема вест од „Стемфорд Бриџ“. Како што пренесува угледниот „The Athletic“, раководството на Челси започнало сериозни преговори за ангажман на Чаби Алонсо како нов постојан предводник на тимот. Шпанецот, кој важи за еден од најталентираните тренери на новата генерација, е слободен на пазарот откако во јануари доби отказ од Реал Мадрид. Иако неговата епизода на „Сантијаго Бернабеу“ траеше само ...
По заминувањето на Лиам Розениор од клупата на Челси, раководството веднаш тргна во потрага по големо име. Изборот падна на Чаби Алонсо, тренер кој во последните години стекна огромна почит низ цела Европа поради својот начин на работа. Според информациите од Англија, Алонсо дал зелено светло да дојде во Лондон. Ова им даде дополнителен импулс на преговорите меѓу двете страни. Контактите со неговите претставници веќе се во тек, а Челси верува ...

