Ален Рустемовски е прогласен за спортист на годината по сребрениот медал на Европското првенство до 23 години во Ереван. Во женска конкуренција признанието го доби Катерина Попева, светска шампионка во фитнес и бодибилдинг. За најперспективни млади спортисти се избрани боксерот Адријан Рустемовски, освојувач на европска бронза, и Даниела Алексовска, која има злато од Европско и бронза од Светско првенство во ММА. Женската ракометна ...

Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги понесоа највисоките признанија – најдобар спортист и спортистка за 2025 на традиционалната манифестација „Спортист на годината“ што се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија. Покрај бројни спортисти, спортски легенди и претставници на националните спортски федерации, на оваа голема спортска манифестација присуствуваа и ...