Во тек се пробите за концертот „ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ на маестро Кира Костов. Членовите на оркестарот свират со многу емпатија и желба да ги пренесат емоциите што Костов ги внесуваше во музиката… А диригентот Сашо Татарчев со многу љубов и посветеност со музичарите внимава се да биде како што своевремено замислил маестро Кире Костов. Концертот „Летај галебе“, што ќе се одржи во вторник, е продолжување на низата настани со кои ќе се одбележи делото на ...

Некои автори пишуваат хитови. Единствениот Кире Костов, напиша историја. Неговата музика е вткаена во нашите животи – во радоста и тагата, во љубовта и смеата, во солзите и разделбите. Повеќе од 700 песни, но уште повеќе неброени моменти што живеат преку неговите ноти. На 11 ноември, со голем концерт во Националната опера и балет, ќе му оддадеме почит на маестро Кире Костов. Ова ќе биде вечер кога ќе оживеат неговите композиции и ќе се потсетиме ...