Особено индикативно е што во дел од македонските објави директно се повикува на Владимир Путин и негова наводна изјава дека „нема потреба да се растури ЕУ, бидејќи таа сама ќе се распадне“. Без приложување оригинален извор за цитатот, тој се претставува како потврда дека распадот на Унијата е неминовен. Пораката се надополнува со тврдења за економска стагнација, раст на долгот и судири меѓу европските држави, со што се создава впечаток дека ...

Протестите, насилните инциденти и економските проблеми во европските земји се користат на социјалните мрежи за ширење на порака дека Европската Унија е пред распад и дека Македонија нема што да бара во неа. Анализата на дел од Фејсбук објавите покажува повторување на неколку меѓусебно поврзани анти-ЕУ наративи, кои се надоврзуваат на пораките што со години ги промовира Кремљ за слабеење на довербата во европскиот проект, пишува „Вистиномер“. ...