Колективните годишни одмори во Брисел и членките на ЕУ на неколку недели го замреле дијалогот за откочување на евроинтегративниот процес на Македонија. Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, очекува тој да се рестартира во идните неколку недели, но без конкретен одговор, дали во меѓувреме од Брисел или Софија стигнал одговор дали уставни измени со одложено дејство се за нив прифатлива опција за решение или не, откако македонската ...
Европската Унија (ЕУ) има голем интерес за проширување, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, кој рече дека Чешка е подготвена да помогне да се надмине спорот меѓу Македонија и Бугарија и да се откочи евроинтегративниот процес на земјата, со изнаоѓање на решение прифатливо за двете страни. „Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку, врз основа на заклучоците на Европскиот совет од ...

