Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, зацврстувајќи ги плановите на Европската централна банка (ЕЦБ) засега да ги задржи каматните стапки непроменети. Откако во август се совпадна со целта од 2 отсто, потрошувачките цени во септември пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, поттикнати од базичниот ефект на енергентите и зголемените трошоци за услуги. Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот на денот, во избор ...
„Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group, Inc.), каде што долго време имаат оптимистички став за златото, соопшти дека постои простор за натамошен раст на овој благороден метал. Ако приватните инвеститори насочат повеќе капитал кон злато, тоа може значително да ги надмине сегашните прогнози на „Голдман Сакс“ од 4.000 долари по унца за средината на 2026 година и 4.300 долари до крајот на следната година. Банката пред еден месец наведе дека златото би ...