Дијабетичарите во земјава со месеци се соочуваат со недостиг од лекови, ленти за мерење шеќер и сензори, што сериозно им ја отежнува состојбата. Многумина се принудени да ги купуваат од свој џеб или меѓусебно да позајмуваат. Недостигот од лекови, велат, го зголемува ризикот од компликации кај дијабетичарите и бараат од надлежните да ја забрзаат достапноста. Од Министерството за здравство, пак, велат дека антидијабетната терапија ја има во ...

По онколошките и пациентите со ретки болести, сега и дијабетичарите предупредуваат на сериозен недостиг од антидијабетна терапија. Од пацинетското здружение велат дека освен од терапијата последниве два месеци има недостиг и од ленти за мерење на шеќер во крвта. Димче Велев – Претседател на Сојуз на здруженија на лица со дијабетес „Веќе подолг период, над 6 месеци има сериозен недостиг на антидијабетна терапија, а последниве два месеци и ...