Во срцето на еден од најпрочуените вински региони во светот, меѓу лозја, визби, архитектура и долг вински континуитет, основачите на винарија Душа, Емилија и Небојша Димиќ, ја доживеаја Напа не само како дестинација, туку како жива лекција за тоа како се создава голема винска приказна. Напа Вали, официјално прогласен за американска винска зона во 1981 година, денес е синоним за престиж, но и за постојано вложување во квалитет, доживување и ...

Македонската винарија во Калифорнија бара одговор на прашањето што сè почесто стои пред домашните производители: како виното да стане препознатливо доживување, а Македонија винска дестинација. Основачите Емилија и Небојша Димиќ деновиве ја претставуваат Винарија Душа во Напа Вали, еден од најпознатите вински региони во светот. Нивната посета не е замислена само како обиколка на лозја и дегустација на вина, туку како професионално запознавање ...