Премиерот Христијан Мицкоски не ја слушнал изјавата на српската министерка за труд, вработување, боречка и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски во која на одбележувањето на годишнината од битката на Кајмакчалан рече дека знамето на српското единство се вее секаде каде живее српскиот народ. „Искрен да бидам, не сум ја слушнал, сега првпат слушнав од вас и велам дека е за осуда. Ако сум ја слушнал ќе сум реагирал“, рече Мицкоски во ...
Изнудена и задоцнета осуда на Мицкоски за настанот на српските радикали на Кајмакчалан, придружена со дезинформација. Вака може да се оцени настапот на премиерот Христијан Мицкоски кој не слушнал, не видел ништо од медиумските објави за серијата настани што токму за време на викендот кога Македонија го одбележуваше Денот на независност, ги реализираше делегација на Република Србија предводена од Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и од ...