Израел му забрани влез на францускиот левичарски претседателски кандидат Жан-Лик Меланшон, откако тој вети дека, доколку биде избран, француските бродови ќе ги придружуваат активистите кои се обидуваат да достават хуманитарна помош во Газа. Забраната се однесува и на Матилд Пано, претседателка на пратеничката група на партијата „Непокорена Франција“, чиј лидер е Меланшон, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Од нашата мрежа ...

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, ја нарече демагошка одлуката на Израел да им забрани влез во земјата на претседателскиот кандидат Жан-Лик Меланшон и на Матилд Пано, објави Ројтерс. „Оваа демагошка одлука, која доаѓа од влада што повеќепати го прекршила меѓународното право, им оди во прилог на оние што профитираат од искористувањето на израелско-палестинскиот конфликт“, напиша Баро на социјалната мрежа Икс. Од нашата ...