Бугарија е подготвена да интервенира со итни испораки на мазут за Северна Македонија, откако земјава прогласи кризна состојба поради прекинот во снабдувањето предизвикан од блокадите на грчките земјоделци. Ова е понудата што техничката влада во Софија ја испрати до македонските власти. Понудата следи откако по налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, била извршена итна проверка на државните резерви во Бугарија. Има доволно и за нив, и за нас ...

По наредба на бугарскиот премиер во заминување Росен Жељазков, министерот за енергетика на Бугарија, Жечо Станков, изврши инспекција на залихите на мазут во Бугарија. Со инспекцијата е утврдено дека на територијата на земјата има доволни количини мазут, за да и помогне на Македонија да ја надмине кризната состојба со струјата, пишува новинската агенција БГНЕС. Врз основа на утврдените доволни количини, бугарската влада ѝ понуди на Република ...