В четврток (7 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Сила“. Како солисти ќе настапат Пачо Флорес на труба и Лео Рондон на гитара, и двајцата од Венецуела, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Шпанија. На концертот ќе се изведе симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е Пачо Флорес, кој е посветен на аргентинскиот композитор Астор Пјацола. Мануел Ернандес-Силва дипломирал на престижниот Државен ...

Концертот не случајно носи наслов „Сила“, затоа што сите композиции, ако може да им се даде една генерална оцена, се фокусирани на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата што и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“ денеска, во 20 часот, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а ...