Без сомнение, покрај Филип Кузмановски кој постигна 15 гола, Мартин Томовски е дефинитивно и херојот во ремито (29-29) на Македонија против Португалија во 2. коло на Европското првенство 2026. Во последната минута од мечот, Португалците имаа континуиран напад од 52 секунди со три едноподруго напади, но наидоа на македонскиот „ѕид“ – Мартин Томовски. Две извонредни одбрани имаше Томовски со кои спречи победа на Португалија… Иако, со малку ...

Мартин Томовски беше херојот (заедно со капитенот Кузмановски) во фантастичното реми против Португалија, извонредниот голман влезе на десетина минути до крајот и собра осум интервенции, две од нив клучни во последната минута. Горди на неговото издание беа сите Македонци, но најмногу неговата мајка Татјана, која ја сретнавме во подтрибинскиот простор, носејќи топка што му ја даде на Мартин, со желба да биде потпишана од сите репрезентативци ...