Агенцијата за филм и годинава учествува на Европскиот филмски маркет (EFM), кој се одржува од 12 до 18 февруари во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлиналето. Претставувањето ќе биде преку промотивен штанд поставен во музејот „Гропиус Бау“, централната локација на индустрискиот сегмент од фестивалот. Македонската делегација на маркетот ќе ги претстави најновите филмски остварувања и актуелни проекти, а предвидени се ...

Филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ ќе ја има светската премиера на 18 февруари (19 часот) во „Блумакс театар“ во рамките на престижниот Берлински филмски фестивал, што започна синоќа. Ова е особено значаен момент за македонската кинематографија да имаме филм во програмата „Перспективи“ на Берлинале, програма која ги претставува и оценува најдобрите долгометражни дебитантски филмови од целиот свет, велат од Агенцијата за филм. Филмот ќе ...