Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гемиџиска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(58) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од уводна екипа ...

На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија” предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик. По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на ...