Вечерни вежби со маневарска муниција на Армијата се причина за синоќешните пукотници што ги вознемирија жителите на новиот дел од Велес. Од СВР Велес велат дека припадници на Армијата реализирале вежба во периодот од 18:00 до 21:30 часот, во делот на Јаворски Пат, во реонот на Горно Оризари и дека таа била навремено пријавена од Генералштабот на АРСМ. Станува збор за активности на новата генерација професионални војници која е на обука во ...

Силни пукотници синоќа го нарушија мирот и предизвикаа вознемиреност кај жителите на новиот дел на Велес. Иако звуците налик на огнено оружје предизвикаа лавина реакции и паника на социјалните мрежи, од СВР Велес смируваат – не станува збор за инцидент, туку за воена вежба. Според официјалните информации од полицијата, припадници на Армијата реализирале вежбовни активности со употреба на маневарска муниција. Време: 18:00 до 21:30 часот ...