Заврши првото полувреме од денешениот меч од 19.коло меѓу Пелистер и Струга ТЛ во Битола, и тоа со 0:1 за гостите. Водство кое според играта е апсолутно заслужено. Стрелец на голот беше Воша во 30.минута по убавата акција во која учествуваа и Компаоре и Радески. Домашниот тим беше целосно надигран и може да биде среќен што губи само со еден гол разлика ако се знае дека Струга ТЛ имаше повеќе шанси барем за уште еден или два гола. Сепак ...

Пелистер – Струга ТЛ 1:1 е исходот од попладневниот меч од 19.коло кој се одигра во Битола. Гостите имаа се во свои раце, водство, добра игра, шанси за убедлива победа, но во таа 73.минута останаа без победа, по грешката на одбраната на чело со голманот Ангелети, која ја искористи Бошковски кој му асистираше на Лука Булатовиќ а овој ја погоди празната мрежа за 1:1. Претходно, уште во таа 30.минута Воша и донесе водство на Струга ТЛ од 0:1. ...