Според првичните информации, зградата на „Вијесник“ во Загреб изгоре поради дефект во противпожарниот систем, чие неправилно функционирање довело до тоа огнот брзо да се прошири низ внатрешните делови на објектот, јавува ХРТ. Според хрватските медиуми, по пожарот што избувна ноќта во понеделникот, вчера изутрина од зградата сè уште чадело, а најавено е дека стручните служби во текот на денот ќе ја вршат процената на нејзината статичка ...

Неколку млади луѓе се испрашувани од полицијата поради сомневања дека би можеле да бидат поврзани со потенцијалното палење на зградата на Вјесник, дознава „Јутарњи лист“. Овие лица во моментов не се сметаат за осомничени, но е очигледно дека полицијата има некои информации врз основа на кои ги поврзува овие лица со местото на пожарот. Полицијата досега одби да ги потврди или негира овие информации. По денешниот увид на изгорениот облакодер на ...