Последниот ден од преодниот рок во лигите од големата петторка донесе вистински возбудувања. До сега реализирани се повеќе атрактивни трансфери. Веста на денот е дека Ливерпул се согласил да исплати 125 милиони фунти + бонуси за шведскиот напаѓач од редовите на Њукасл јунајтед, Александар Исак, со што е поставен нов трансфер рекорд во Премиер лигата, пренесува „Скај спортс“. Голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума за 39 милиони евра се пресели во ...

На последниот ден од преодниот рок во Англија владее вистинско лудило на трансфер-пазарот, откако по Ливерпул, големо засилување донесе и Манчестер Сити. Ливерпул утрово го обезбеди потписот на Александер Исак од Њукасл, а сега Сити во своите редови го доведе Џанлуиџи Донарума, еден од најдобрите голмани во светот. Имено, Фабрицио Романо со својот познат „Here we go“ објави дека Донарума е нов играч на Сити, во кој доаѓа поради тоа што ова лето ...