Скопје, 1 август 2025 (МИА) - ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило и претрес на дом и други простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и таблета МДМА. На ...
Скопје, 4 август 2025 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(33) од с.Хаме, дебарско и Н.Ш.(41) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а против второпријавениот поради сомнение и за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 08.07.2025 во Охрид, првопријавениот со тврд предмет ја нападнал Е.П., по што второпријавениот го нападнал првопријавениот и му нанел повреда. ...
Скопје, 3 август 2025 (МИА) - На 02.08.2025 во 16:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат за с.Скудриње, на влезот во селото, Н.Б.(48) од с.Скудриње, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблици, изгубил контрола и излетал од патот. Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар. Увид на лице место извршила увидна екипа при ОВР Гостивар. На 03.08.2025 во ОВР Кавадарци било ...
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - На 01.08.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „1“ во село Ржаничино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „там“ со скопски регистарски таблички, управувано од М.А. (48) од селото Долно Коњари и мотоцикл „сузуки“, управуван од Н.М. (32) од село Петровец, скопско. Во несреќата Н.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. ...