Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат. Киев, пак, негира и тврди дека се во тек контранапади и уништување на непријателот. „Посебно сакам да ја истакнам специјалната единица „Алфа“ која систематски и ефикасно ги уништува руските окупатори и нивната техника ...

Руската војска продолжува со напади низ Украина, Киев возвраќа. Жестоки борби и во стратешки важниот Покровск. Зеленски најави зголемување на поддршката за фронтот и ги повика земјите да се приклучат кон санкциите за Русија. „Секој начин за ограничување на руските приходи претставува ефективна контрамерка против војната. Нашите партнери нè слушаат и прифаќаат нашите предлози, и ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија“, изјави ...