На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник, Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, ја имаме радоста и честа да ве поканиме на слава во неговиот свет манастир во Рајчица: – понеделник, 5 мај 2025 – ❈ Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј. – вторник, 6 мај 2023 – ❈ Во 07:30 часот ‒ празнична Утрена ...

Патронот на познатиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, достоинствено и годинава ќе биде одбележан, а покана за присуство на славата од неговиот свет манастир, има до сите кои сакаат да присуствуваат. Одбележувањето, традицонално ќе почне на 5 мај кога со почеток во 18 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, епископ Антаниски г. Партениј. На 6 мај, ...