Даниела Печијареска, професор по одделенска настава во ООУ,, Григор Прличев” Охрид. Еее… некогаш, пред 45 години бев новороденче во оваа планета… 45, обичен непарен број од петтата десетка. Сепак, во душата дете! Му благодарам на Господ што е така, што ме чува секој ден и ми помага да ја остварам секоја цел. Посакувам со истата енергија и здравје, придружени со мојот хумор и ведрина, решително и смело да продолжам да чекорам по стапките на ...

Олег Бошале од Охрид. Сликар – иконограф и фрескописец, Од 1994 активно се занимавам со сликарство. Мое дело се фреските и иконостасот во црквата „Св Благовештение“ во населба Рача, како иконостасот во „Св Атанасиј“ во Рамне. Сум насликал преку 300 икони и фрески, графики и платна со охридски мотиви. Сите овие години тие ги красат домовите на охриѓани но и на многу туристи. И на овој ден, мој роденден се потсетувам дека со гитарата во раце пет ...