Овој голем ЈУБИЛЕЈ ви го посветуваме вам, драги пријатели и почитувачи на хорската музика, со длабока благодарност и искрена почит за сите овие ТРИ ДЕЦЕНИИ во кои сте со нас. За тоа што нè следите, нè поддржувате, нè слушате и ни верувате. Тоа се 30 години посветеност, храброст, упорност и заедништво — 30 години заеднички раст и создавање. Јубилејот не е само свечен момент, туку и огледало во кое ја препознаваме нашата патека, нашата работа и ...

Хорот „Света Злата Мегленска“ ќе одбележи 30 години постоење со концертот насловен „Воскресение твое“. Тој ќе се одржи на 8 мај од 20 часот во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да ужива во внимателно избран духовен репертоар кој го отсликува богатото музичко наследство и традиција. На концертот ќе диригира Летка Полизова-Димовска, која вели дека концертот е значајна пресвртница за хорот, кој ...