Жртвата смее да му прости на насилникот. Но, државата не смее го прости насилството. Државата мора ди крај да ги истера работите. Додека полицијата и судот донесат одлука за забрана за приближување, насилникот може неколку пати да ја убие жртвата. Ова се само дел од поентите и пораките на Проф. д-р Стојанка Мирчева од Факултетот за безбедност на битолскиот универзитет од денешната тркалезна маса „Предизвици во обезбедувањето поддршка и ...

Семејното насилство е еден проблем кој ја тишти македонската држава, проблем кој Македонија го има со години и за кој ќе мора да се зборува гласно и да се даде внимание од секој граѓанин и особено од инситтуциите, за да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат несакани настани, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој денеска организира тркалезната маса на тема „Предизвици во ...