Скопје станува центар на млад ракомет од 20 до 29 април, кога главниот град е домаќин на Светското училишно првенство во ракомет, натпреварување што носи стотици млади ракометари и ракометарки од повеќе држави, со македонски машки и женски кадетски селекции во борба за престиж на домашен терен. Настанот се одржува под покровителство на Министерството за спорт, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје го прогласи за отворено 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, на коешто учествуваат околу 700 млади ракометарки и ракометари од 20 држави од светот. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети на македонските ракометни успеси, меѓу кои и историскиот настап на македонската репрезентација на Европското првенство во 2012 година, како и ...