Денешното утро ни донесе невообичаено ладно време за овој период од годината со зголемена облачност на повеќе места, пишува Метеоаларм. Температурите ова утро беа под просекот за овој период од годината па така најладно до 8 часот утрово беше во Берово со измерена температура од -2 степени. На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија до 8 часот по градови и места и тоа на мерните станици на УХМР. -Да напоменам ...

Денешното утро низ целиот регион донесе многу ладно време, невообичаено за овој период од годината и со температури кои се под просекот. Времето е стабилно и суво насекаде на Балканот, а на многу места температурите се спуштија до околу, па дури и под нула степени. Токму поради ова во повеќе делови од регионот има и појава на утрински мраз и слана. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите во овие моменти ширум Балканот. Најладно ...