Циклонот со центар над Џеновскиот залив кој го проширува своето влијание до нашиот дел од европскиот континент во текот на ноќта кон недела и во недела претпладне ќе донесе нови пообилни врнежи од дожд во западна Македонија, најавува метеопрогнозерот Славчо Поповски. Локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. Во исто време од север ќе се спушта поладен воздух, па така на планините над 1.000 метри надморска височина ќе има врнежи ...
„Влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува и во почетокот на новата седмица но со тоа што денеска, понеделник, 9 февруари, од север кон Македонија ќе се спушта поладен воздух кој ќе предизвика заладување и пад на температурите на воздухот кои преку ден ќе се движат од 3 до 11 степени а во Скопје до околу 6 односно 7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. На ...

