Заврши откупната кампања за прибирање на тутунот од ланската реколта. Произведени се над 26 милиони килограми квалитетен тутун, кои 10-те откупувачи ги откупија по просечна цена од 418 денари, главно во прва класа и без одбитоци. Од први март, пак, започнува склучувањето на новите договори, кои според проценките на Сојузот на тутунски здруженија, во однос на лани ќе ги има повеќе, како последица на подобрените услови за поисплатливо ...
И официјално, заврши откупот на тутунот. Со преку 26.120 тони се заокружи ланската реколта тутун која, според тутунарите е главно, успешна. Просечната цена од 418 денари е најблиска до она што најмногу нудеа откупувачите. Од понеделник почнува склучувањето договори за новото производство. Интересот не се намалува, ама се зголемуваат барањата за повисоки цени. Сојузот нуди 510 денари за прва 460 за втора и 400 денари за трета класа. ...

