Нападнал полицаец во еден локал во Градскиот парк во Скопје, по што бил уапсен. Станува збор за лице од Нигерија, со американски пасош, кое беше уапсено вчера во раните утрински часови. Според соопштението на полицијата, при претресот биле пронајдени оружје и муниција за кои немал дозвола. „На 21.12.2025 година, во 04:30 часот, пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР-Скопје го лишиле од слобода У.И.У. ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против ...

