Светол ден, 8 септември, празник на независноста на МАКЕДОНИЈА. Свечена прослава, како што доликува на овој голем ден, и фасцинантна изведба на уметничкиот дел од програмата, што сите нé остави без здив и нé потсети на брилијантните нематеријални богатства што блескаат, истовремено и нераскинливо од душата и срцето на МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК. Сé уште под импресии од прикажаното, и со восхитувачки занес, додека излегувавме од салата ми пријде човек, ...

Кога бев младо момче се пееше еден од најголемите хитови во тоа време: „Има една мома многу убава, сиот град ја знае цела Битола…“ Но, од искон: Има една древна вистина, сиот свет ја знае, цела Европа, име и е МАКЕДОНИЈА. Тој сиот трудољубив, слободољубив и демократски свет постојано ја зборува вистината за оваа Убавица, но за жал, глувите слушатели и слепите кои при очи не прогледале измислуваат лаги, наспроти чесните авторитети кои на тие лаги ...