Почитта кон празникот Богојавление – Водици во охридскиот крај е голема. Речиси да нема населено место и маало каде не се одбележува овој голем православен христијалнски празник. И годинава Водици свечено ќе бидат одбележани во манастирскиот комлекс „Св. Наум“ каде од година во година расте бројот на посетители за празникот. Одбележувањето на Водици во Св. Наум годинава ќе има двојна програма, духовна и културно – забавна. На празникот, во ...
Нуркачите од нуркачкиот центар Амфора од Охрид, традиционално кај Музејот на вода го „запалија“ василичарскиот оган под вода и ја најавија Старата нова година. Оваа уникатна манифестација, стана препознатлив симбол за Охрид и регионот, а нуркачите, облечени во специјална опрема, симболично го палат огнот на дното на Охридското Езеро, создавајќи спектакуларна слика што го привлекува вниманието на локалното население и туристите. Со оваа ...